КАНАПЕ кетеринг - ЧОКОЛАДНА ФОНТАНА

Најголемиот хит во светот во последниве години можете да го имате и Вие, благодарение на КАНАПЕ кетеринг. Направете ја секоја Ваша прослава или забава уште послатка, поспектакуларна и повеличенствена со нашите ЧОКОЛАДНИ ФОНТАНИ.
Чоколадната фонтана е еден вкусен додаток за секоја забава на која добро би и дошол гламур, а верувајте  дека и воедно ќе ја претвори во забава за која уште долго ќе се зборува.
КАНАПЕ кетеринг има вклучено два пакета во зависност од големината на забавата, но и нормално во зависност од буџетот.

МИНИ фонтана
Оваа фонтана е висока 55 цм и има капацитет да опслужи 50 гости. Доаѓа во пакет со 2 кг чоколадо, 250-300 парчиња сезонско овошје, манчмалоу бонбони, кекси. Ја препорачуваме за домашни забави, родендени, матури. Оваа фонтана се изнајмува максимум 3 часа.

ГРАНД фонтана
Оваа голема фонтана е висока 90 цм и има капацитет да опслужи 300 гости. Доаѓа во пакет со 6 кг чоколадо, 800-900 парчиња сезонско овошје, манчмалоу бонбони, кекси. Ја препорачуваме за големи забави, промоции, свадби. Оваа фонтана се изнајмува максимум 7 часа.
Цената на пакетите можете да ги видите во ценовникот подолу.

МИНИ фонтана

ГРАНД фонтана

Пакет со овошје кекси и чоколадо

3000 денари (50 еур)

9800 денари (160 еур)

Само чоко фонтана и чоколадо

2000 денари (35 еур)

6100 денари (100 еур)


* Задолжително со секое изнајмување следува и човек кој што ќе се грижи за работата на фонтаната и послужување на гостите.

кон галеријата


Чоколадна фонтана



Повелете и видете како може Вашата веселба, коктел, свадба или роденден
да се претвори вонајслатка забава,
за која уштедолго, долго ќе се зборува


повеќе
Наши услуги & мениа



Овде можете да ги видите сите видови
на услуги кои ги нуди КАНАПЕ кетеринг. Проверете ги можностите кои ги нудиме
и одберете ги услугите кои Вам ви одговараат

повеќе
Настани и новости



Сите настани и новости поврзани со КАНАПЕ кетеринг може да ги најдете тука. Доколку сакате можете да бидете дел од приказната наречена КАНАПЕ кетеринг

повеќе