ЧОКОЛАДНА ФОНТАНА

Најголемиот хит во светот во последниве години можете да го имате и Вие, благодарение на КАНАПЕ кетеринг. Направете ја секоја Ваша прослава или забава уште послатка, поспектакуларна и повеличенствена со нашите ЧОКОЛАДНИ ФОНТАНИ.

Чоколадната фонтана е еден вкусен додаток за секоја забава на која добро би и дошол гламур, а верувајте  дека и воедно ќе ја претвори во забава за која уште долго ќе се зборува.

Видете ги и снимете ги општите услови и правила при изнајмување на чоколадна фонтана.

КАНАПЕ кетеринг има вклучено два пакета во зависност од големината на забавата, но и нормално во зависност од буџетот.

МАЛА фонтана

Оваа фонтана е висока 50 цм и има капацитет да опслужи 50 гости. Доаѓа во пакет со 2 кг чоколадо, 200-250 парчиња сезонско овошје, манчмалоу бонбони, кекси. Ја препорачуваме за игротеки, домашни забави, родендени, матури. Оваа фонтана се изнајмува максимум 3 часа.

ГОЛЕМА фонтана

Оваа голема фонтана е висока 90 цм и има капацитет да опслужи 300 гости. Доаѓа во пакет со 6 кг чоколадо, 800-900 парчиња сезонско овошје, манчмалоу бонбони, кекси. Ја препорачуваме за големи забави, промоции, свадби. Оваа фонтана се изнајмува максимум 6 часа.

Цената на пакетите можете да ги видите во ценовникот подолу.

Вид на фонтана
Мала фонтана (до 40 гости) 4.000,00 ден.
Две мали фонтани (до 100 гости) 7.000,00 ден.
Голема фонтана (до 300 гости) 12.000,00 ден.

*Цените се без ДДВ