Како компанија која што од ден на ден покажува се поголема сериозност , конкурентност и амбиции за проширување на македонскиот пазар, од оваа (2011) година воведовме и една новина – готвени јадења за нашите клиенти. Имаме модерна кујна опремена по НАССР стандарди која е подготвена да произведе 200-300 оброци дневно. Со ова покажуваме дека сме заинтересирани и дека има простор за соработка со компании кои имаат потреба од топли и ладни оброци за вработените.

Повелете во нашиот локал кој се наоѓа во Кисела Вода на ул. Сава Ковачевиќ бр.47в (во расадникот до Комерцијална банка) секој ден освен недела од 9-17ч. Имаме што да Ви понудиме.

Секојдневните мениа, фотографии и секакви дополнителни информации, можете да најдете на нашата Фејсбук Фан Страна… следете не…

КАНАПЕ кетеринг исто така опслужува и компании со топли оброци. Можеме да понудиме: оброци од месо, готвена храна, тестенини, супи, чорби и салати.

Оброците се испорачуваат во амбалажа од стиропор, а храната секогаш се испорачува свежа и топла. Во продолжение го приложуваме ценовникот за готовите порции.

 

Слободно контактирајте не за понуди за секојдневни оброци.