КАНАПЕ кетеринг постои само за Вас и наша примарна цел е да ги задоволиме вкусовите и на најпребирливите клиенти. Нашето големо искуство во овој бизнис, нашата желба за понатамошна работа, а пред се и препораките од задоволните клиенти, потврдуваат дека сме бр.1 на нашиот пазар.
КАНАПЕ кетеринг располага со разноврсни мениа за храна, посни мениа и мениа за пијалоци, меѓутоа секогаш сме расположени за некакви измени на истите, во зависност од потребата на клиентот. „КАНАПЕ“, како и секоја модерна компанија се труди и да внесува новини во своите услуги и секојдневно да го подобрува квалитетот на услугите и да го зголемува бројот на задоволни клиенти. Можеме да понудиме кетеринг од секаков тип со комплетна поддршка и имаме професионален инвентар кој го нудиме на своите клиенти.
Организирме секаков тип на кетеринг:
- Свадбени мениа (шведски маси & редење на храната по маси)
- Домашен кетеринг (шведска маса & славско послужување)
- Коктелски кетеринг (шведска маса & коктелско послужување)
- Кетеринг за деца ( за во игротеки – шведска маса)
- Чоколадна фонтана
- Мениа за пијалок
- Порции со топол оброк за компании
- Дополнителни кетеринг услуги
Со ангажирањето на „КАНАПЕ“ кетеринг, освен што добивате и сервирана, декорирана свежо подготвена храна и пијалоци, добивате и комплетно поставување и декорирање на масите, чинии за гостите, потребен прибор за јадење,како и сите придружни и потребни асесоари. Комплетно уживајте во најубавите моменти во животот, оставајќи ни ја нам грижата за припремата, сервирањето и декорирањето, доставата и служењето на храната и пијалоците. Бидете гости на Вашата веселба, само со „КАНАПЕ“ кетеринг.
Во изминатиот период, КАНАПЕ кетеринг може да се пофали со добра соработка и взаемна доверба со голем број на приватни лица, но и сериозни и големи компании присутни на македонскиот пазар. Со гордост би сакале да Ви претставиме мал дел од нив:
- Британски Совет – Скопје
- Министерство за Труд и социјала
- Коалиција – Сите за правично судење
- Н.У. Македонска Опера и Балет
- Sahara Group
- ПрајсвотерхаусКуперс
- Телесмарт Телеком
- Слободен софтвер – Македонија
- Фудбалска Федерација на Македонија
- Конгресен Сервис Центар
- Здружение Центар за човекови права
- Завар компани
- Хотел Тимс
- Неоком – Скопје
- Нетсетера – Скопје
- Адинг (Биропроект) – Скопје
- Промедика – Скопје
- GlaxoSmithKline
- Сакам попуст
- Lagermax
- Адвкатска канцеларија ПАНОВА
- 3СТ – Скопје
- Нетфон – Скопје
- Сервис Скендеровски – Скопје
- Варус – Скопје
- Аналитика – Скопје
- Изотехна – Св. Николе
… и многу многу други…