Почитувани клиенти…
Кај нас можете сами да составите мени кое целосно ќе одговара на вашиот вкус и буџет. Според нашите нормативи една ставка е од 20-30 грама храна (пресметана по лице), па за да имате комплетно мени кое ќе ја задоволи количината, потребно е да одберете од 8-12 ставки (зависи од тоа за каков тип на настан се работи). Бидејќи повеќето клиенти прашуваат: А колку парчиња ќе има од одредена храна? Одговорот е од 1 до 2 парчиња од секоја ставка 🙂 (зависно од изборот и зависно од декорацијата на храната)
Избегнувајте да правите нарачки за помалку од 15 лица, бидејќи поголемиот дел од асортиманот е речиси невозможно да се подготви во толку мали количини.
Калкулаторот веднаш ќе Ви пресмета колку ќе Ве чини кетерингот, а со притискањето НАРАЧАЈ, или ИСПРАТИ НАРАЧКА, само ни испраќате информација какво мени сте одбрале, дали имате дополнителни побарувања и дали е слободен терминот кој сте го одбрале. Не заборавајте да ги пополните бараните контакт информации кои ги бараме најдоле на формуларот.
Целата нарачка ќе биде комплетирана откако ќе Ви одговориме и потврдиме кетерингот.
Ви благодариме…