Можеме да понудиме кетеринг од секаков тип со комплетна поддршка и имаме професионален инвентар кој го нудиме на своите клиенти.
Организирме секаков тип на кетеринг:

  • Шведски маси и коктели, Домашен кетеринг (славски мениа), Посни мениа,  Свадбен кетеринг, Детски родендени, Оброци…
  • Мениа за пијалок (деловни настани – коктели) 
  • Дополнителна опрема и инвентар

КОКТЕЛ МЕНИ 1КОКТЕЛ МЕНИ 2КОКТЕЛ МЕНИ 3

Опции со разни видови даски и мезиња…

ОПЦИЈА 1ОПЦИЈА 2ОПЦИЈА 3ОПЦИЈА 4ОПЦИЈА 5ОПЦИЈА 6ОПЦИЈА 7

Опција со оброци за секакви потреби на клиентите – ОБРОЦИ

Побарајте не на +389 70 230 598 (viber, what’s up, call)  за конкретна понуда или пишете ни на мејл – info@ketering.com.mk
 
За повеќе фотографии од настани кои сме ги работеле, слободно разгледајте ги нашите страни на FACEBOOK или INSTAGRAM
 

Со ангажирањето на „КАНАПЕ“ кетеринг, освен што добивате и сервирана, декорирана свежо подготвена храна и пијалоци, добивате  и комплетно поставување и декорирање на масите, чинии за гостите, потребен прибор за јадење,како и сите придружни и потребни асесоари. Комплетно уживајте во најубавите моменти во животот, оставајќи ни ја нам грижата за припремата, сервирањето и декорирањето, доставата и служењето на храната и пијалоците. Бидете гости на Вашата веселба, само со „КАНАПЕ“ кетеринг.

Покрај разноврсните мениа за храна, посни мениа и мениа за пијалоци, меѓутоа секогаш сме расположени за некакви измени на истите, во зависност од потребата на клиентот. Само кај нас е дозволено клиентот да си направи мени по свој вкус и само за него прифатлива цена.

 

Шведски маси и коктел кетеринг

Овој тип на кетеринг се препорачува пред се за фирми, организации, но и за приватни прослави кои имаат потреба од „шведска маса“ или пак коктелско послужување. Целата храна е послужена на поголеми овали, даски и огледала, набоцкана на чепкалки, како би се постигнала поголема практичност, но и би се избегнало користење на есцајг. Генерално се служи „лесна храна“ која би одговарала соодветно со настанот.

Свадбен кетеринг

Канапе кетеринг може да Ви помогне и вашиот ден „Д“ да биде совршен. Можеме да Ве услужиме во делот “пред свадбата“ кога се оди по невестата, или пак комплетно да ја организираме свадбената веселба. Свадбите бараат голема организација, прецизност во раработата, односно со еден збор комплетната услуга мора да биде перфектна, затоа што од сите видови на организирани настани, овој настан – нема реприза 🙂 Баш поради ова Ви препорачуваме да си одберете локација која најмногу Ви одговара, а за се останато тука сме ние. Комплетно ќе ве услужиме со храна, пијалоци, послуга и сите пропратни работи потребни за една перфектна свадба. Закажете состанок, дојдете до нашиот локал на разговор и слободно оставете на професионалци да се погрижат за Вашиот најубав ден да биде уште поубав.

Домашен кетеринг (славски мениа)

Го препорачуваме за секаков вид на домашни веселби, слави, веридби, родендени, каде е потребно таканаречено славско редење на масите (каде гостите седат околу масите и се послужуваат), а храната е послужена во помали овали и даски како би имало разноврсна храна пред сите гости подеднакво.

Детски родендени

Кетерингот за детски родендени има за цел да им ја олесни работата на сите родители кои го прославуваат роденденот на своите најмили во игротеки, забавни паркови или на било кој простор наменет за забава за најмладите. Храната е адаптирана за ваков тип на забави и ги задоволува пред се за детските апетити и желби, а секако и присутните возрасни. Послужена со роденденски асесоари, а воедно и темпирана да има доволно, а сепак да не е премногу за краток настан од ваков тип.
П.С. Нагласуваме уште еднаш дека комплетен инвентар (маси, чаршафи, чинии и тн) носиме само во претходен договор со клиентот.